Хрватската шумска служба за спасување (ХГСС) на Твитер соопшти дека спасувачите од цела Хрватска заминале за Петриња да помогнат во потрагата и спасувањето по разорниот земјотрес што пред два часа го погоди овој град.
Улиците на Петриња се преполни со урнатини, голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани, јави Хина, повикувајќи се на информациите објавени од загрепската редакција на „Н1“ телевизија.
Спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, пренесуваат хрватските медиуми.