ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ученик навредува професорка за време на онлајн настава – видеото се прошири по социјалните мрежи

December 29, 2020 19:29
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Погрдни зборови доби професорка од средно училиште за време на онлајн час. Еден од учениците, незадоволен што треба да вклучи камера при испрашување, почнува да упатува навреди кон професорка, која пак решава да му стави единица за полугодие и да го пријави случајот до класниот раководител. Исечок од случката се најде на ТикТок, а беше испратено и до редакцијата на Радио МОФ.

За случајот се информирани од Независниот синдикат за образование и наука. Оттаму велат дека и порано имало поплаки, каде во одредени случаи, нивни членови биле навредувани од ученици.

„Но, тука веќе станува збор за нешто што е излезено онлајн, јавно омаловажување и тука е многу поголема тежината“, смета Томислав Гиевски, претседател на синдикатот.

„Јавното обвинителство да постапи по овој предмет, по основа на чуен глас за нарушување на углед на просветен работник и доколку станува за возрасен малолетник, над 16 години, потребно е да се покрене и кривична постапка. А, откако ќе заврши таа кривична постапка, ние стоиме на располагање на колешката да покрене приватна тужба за нарушување на угледот со цел да бидат казнети родителите на непримерните ученици за во иднина да не се случи тоа. Нареден пат, два пати да се замислат учениците дали би повториле исто или слично дело со што би навредиле просветен работник“, вели тој.

Министерството за образование и наука неодамна им испрати на училиштата документ во кој се наведени препораки за однесување на наставниците и на учениците за време на наставата на далечина. Во него се наведува дека е забрането снимање на онлајн часот.

„За време на наставата на далечина важат истите правила на однесување како во училница. Наставниците водат детална евиденција за присуството. Учениците немаат право да вклучат други ученици од училиштето или од друго училиште преку споделување на линкот од часот. Секое постапување спротивно на ова може да резултира со поведување и изрекување педагошки мерки во постапка утврдена со правилник за педагошки мерки“, стои во документот.

Ставот на МОН за случајот е дека вакви и слични примери на однесување подлежат на поведување постапка од страна на Училиштето за испитување на целиот случај.

„Во Упатството за начинот на изрекување педагошки мерки  во јавните средни училишта постојат одредби во кои се предвидени законски постапувањаво случаи на нарушување на угледот на наставниците и вработените во училиштето. Истовремено, Министерството за образование остро ги осудува сите вакви и слични примери  на комуникација меѓу учениците и наставниците и апелира на развивање повисока свест, почит и култура на целата училишна заедница – ученици, наставници и родители“, велат од МОН за Радио МОФ. 

Гиевски ги охрабрува просветните работници максимално да ги користат државните инструменти и истакна дека мора по службена постапка да се започне со казнување на непримерните ученици и нивните родители, бидејќи како што посочи, многу е веројатно да се повтори. Тој ја повика и својата колешка да им се обрати за да добие правна помош и заштита. /Е.П/

Извор радиомоф.мк
Next Post

(ВИДЕО) Потпретседателката на САД Камала Харис ја прими вакцината за Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk