ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче ќе ги помине празниците во кругот на семејството: Сакам да бидам пример за граѓаните

December 30, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја дочека новата година во домашни услови во кругот на семејството.

Тој денеска во изјава за медиумите апелираше и до граѓаните да бидат совесни, да не се групираат и да ги почитуваат препораките за време на претстојните празници.

– Сакам да бидам пример за сите граѓани. Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по примопредавањето на германска донација во поликлиниката во Шуто Оризари.

Нагласи дека во изминатиот период евидентно е намалувањето на притисокот врз болниците и на бројот на новодијагностицирани. Завчерашниот ден, како што истакна, е првиот ден кога на интерните клиники немало ниту еден нов прием на болни од Ковид.

– Сега бројките значајно се намалуваат. Значичетелно се намалуваат новодијагноцираните на ден, значително се намалува факторот на преносливост и значително се намалуваат бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Болниците ширум државата се практично полупразни. На Инфективната клиника после сериозно долг временски период има над 30 слободни кревети и на интерните клиники над 100 слободни кревети. Еден сериозно долг временски период, таа бројка на слободни кревети беше меѓу 20-30 кревети, рече Филипче, додавајќи дека спласнува и притисокот врз центрите за тестирање.

Не ја исклучи можноста да има некој минипик и понатаму како резултат на непочитувањето на мерките. Но, како што посочи, здраствениот систем е подготвен да пресретне и следен бран

– Ние нема да го смениме системот на реорганиација на јавно-здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Верувам дека граѓаните ќе продолжат совесни да се однесуваат и дека ќе нема криза, но подготвени сме да пресретнеме таков бран, истакна Филипче.

 

/МИА/
Next Post

Арсовска: Потребен е функционален систем и меритократија за излез од кризата

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk