ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Државата е финансиски ликвидна, наплатата на основните даноци е поголема

December 30, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиската состојба во државата е стабилна. Државата е солвентна и финансиска ликвидна и е подготвена и понатаму да развива мерки за граѓаните, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската седница на која одговара на пратенички прашања.

Во одговорот на пратеничко прашање од опозицијата дека има дупка во буџетот од околу една милијарда и 600 милиони евра, Заев истакна дека наплатата на трите основни даноци е поголема и оти редовно се сервисираат сите обврски од Буџетот, кој е во добра кондиција.

Презентирајќи ги податоците од Управата за јавни приходи заклучно со 29 декември, премиерот информира дека наплатата на ДДВ изнесува 6 милијарди 489 милиони денари за разлика од лани кога во декември наплатата била 6 милијарди  120 милиони. Во ноември наплатата на ДДВ била за 2,5 проценти помала од истиот период  2019 година, а во октомври за 2,5 отсто поголема од однос на октомври 2019 година.

Наплатата на персоналниот данок на доход  во декември е 2 милијади 269 милиони 540 илјади денари, а лани во истиот период била 1 милијарда  923 милиони или има за 18 проценти поголема наплата сега. Наплатата кај данокот на добивка во декември е 852 милиона 777 илјади денари, а во истиот месец  2019 година била 785 милиона 845 или 8,52 проценти повеќе во споредба со 2019 година.

– Тоа покажува сериозно заживување на економијата,  иако се случува вториот најголем пик на инфекцијата со корона вирусот, рече Заев.

Посочи дека годинава навреме се вратени доспеаните долгови кон кредиторите во висина од една милијарда и 140 милиони евра што, според него, е показател за стабилната финансиска состојба на државата.

Очекувањата се дека ќе има и над 96 проценти реалзиација на Буџетот, а капиталните инвестиции ќе бидат со реализација од над 80 проценти.

– Колку и да е тешка ковид година, може да кажеме дека сме задоволни од реализацијата затоа што одреден дел на дејности кои се поврзани со капиталните инвестиции за време на корона кризата се со забавени перформанси, рече Заев.

За зголемениот буџетски дефицит, рече дека државата се откажала од непродуктивните трошоци и парите се насочени кон граѓаните и кон стопанството. Помогнати се повеќе од  400 илјади граѓани и повеќе од 100 илјади работни места.

 

/МИА/
Next Post

Заев: Не мислам дека е грешка потпишувањето на Договорот со Бугарија

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk