ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: 2021 е година на позитивен пресврт во нашето општество, со “Акција 21” ја носиме Европа дома

January 2, 2021 09:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Реализацијата на стратешка рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“ е главниот фокус на Владата предводена од СДСМ во 2021 година.

Во „Акција 21“ се опфатени 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество.Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и  ефикасна правна држава која испорачува правда.

Вториот приоритет е бескомпромисна и неселективна борба против корупција, којашто ќе се постигне преку воспоставување на јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни фактори, преку силна политичка волја и мотивација на секој граѓанин.“Акција 21- за европски стандарди дома” , значи и обврзување на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина. Во таа насока следува засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средина.

2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Работиме на навремена и брза вакцинација. Во февруари, Република Северна Македонија ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Постигнат е директен договор со компанијата, а следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Продолжуваат разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот и се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди ги носиме дома. Светот сведочи дека ова е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата предводена од СДСМ да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места.

Меѓу десетте приоритети од „Акција 21“ се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи во образовниот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.

2021 година во којашто треба да се случи позитивен пресврт во нашето општество.

Токму десетте приоритети од „Акција 21 – за европски стандарди дома”  и нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме европските стандарди да ги спроведеме во секој сегмент од нашето секојдневно живеење.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, во отворено, слободоумно, развојно и напредно општество.

Тоа е нашата заложба за 2021 година и годините по неа“ стои во соопштението на СДСМ.

Next Post

Во светот има над 83,5 милиони заразени со Ковид-19 и над 1,8 смртни случаи

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk