ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИДСЦС: Силни државни институции само ако ги раководат искусни и професионални лица

January 4, 2021 11:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градењето на силни државни институции е возможно само доколку со нив раководат искусни, професионални и квалитетни лица, порача денеска преку соопштение Институтот за демократија.

Оттаму истакнуваат дека во постапка се неколку закони кои ќе овозможат државните институции и администрацијата да го искористат максимумот и да работат во служба за граѓаните. Иако, како што наведуваат, процедурата за овие закони може да одземе многу време, Институт за демократија смета дека Владата во овој период има можност на дело да ги покаже и докаже своите заложби со тоа што ќе овозможи законски и фер избор на функционери на високи раководни позиции, соопштува Институтот за демократија.

Според Институтот за демократија, законските измени проследени со силна политичка волја за соодветна имплементација се клучни за функционални институции раководени од искусни, квалификувани и квалитетни кадри. Ова, посочуваат, е најголемиот предуслов за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. На овој начин институциите ќе го оправдаат своето постоење и ќе работат во служба на јавниот, наместо на приватниот интерес на политичките и бизнис елитите.

Од Институтот потенцираат дека начинот на избор на високата раководна служба мора да биде транспарентен и лесно достапен за сите заинтересирани, преку јавни огласи со одреден конкретен рок кој мора да биде испочитуван. Исто така, посочуваат дека е многу важно да се воспостават критериуми по кои највисоко вреднувани ќе бидат лицата кои поседуваат интегритет, квалитет и релевантно искуство.

– Оттука, доколку Владата сака да покаже дека работи во интерес на сите граѓани, мора ја отфрли партиската припадност од листата на приоритети. Само на тој начин, може да се изберат соодветни кандидати кои ќе одговорат на задачите на институцијата во која се именувани. Во овој контекст, враќањето на довербата на граѓаните во институциите, е можна единствено ако процесот на избор на раководната служба е соодветно документиран и достапен до јавноста и недвосмислено покажува зошто токму тоа лице е најсоодветно за работната позиција. Единствено на овој начин ќе имаме функционални институции и задоволни граѓани, се наведува во соопштението.

Сите политички чинители, дополнуваат од Институтот, ја искажуваат својата заложба за влез на државата во Европската Унија, како и развивање на македонското општество во демократија во вистинската смисла на зборот. Овие заложби се искажуваат во најразлични прилики од интервјуа до предизборни кампањи. Но, вистинските заложби, се покажуваат на дело, преку континуирани реформи и видливи резултати, порачува Институтот за демократија.

 

/МИА/
Next Post

Рангелова: Ред бојкотирање, па ред губење на избори не носи успех за една партија

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk