ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерот Заев во посета на новите простории на МПСОЗ

January 4, 2021 15:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги посети новите простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на новата владина зграда, информираат владини извори.

„Владата на Северна Македонија, веќе втор мандат продолжува успешно да го надоградува концептот за Едно и еднакво општество за сите. Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни или други особености кои се наше богатство.

И сите тие, припадници на различните етнички заедници, се дел од нашиот мозаик наречен Северна Македонија и даваат личен и значаен придонес во развoјот на нашето мултикултурно и мултиетничко општество.Доследно почитувајќи ги европските вредности, како Влада обезбедуваме заштита на сите прашања кои се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците, почитувајќи го спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците и гарантирањето на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на заедниците.

И со таа цел денес се наоѓаме во новиот објект на Владата на Република Северна Македонија каде помеѓу другите институции ќе биде и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое беше основано со единствена цел – на најдобар можен начин да одговори на потребите на граѓаните.

Со обезбедување на просторното решение се обезбедуваат услови за реализација на работите што се однесуваат на функционирањето на политичкиот систем, реализација на стратешките приоритети поврзани со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, како и обезбедување, координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој Договор. Реализирајќи ја стратешката програма и рамка, јакнејќи ги институциите, Владата на Република Северна Македонија продолжува посветено да работи на општество кое не прави разлика помеѓу немнозинските и мнозинските граѓани, општество на еднаквост.

Европските принципи и вредности се клучни на нашиот пат на кој веќе се наоѓаме и кои значат обединување и почитување на индивидуалните и колективните идентитети, грижа за различностите и ранливите граѓани, почитување на мултикултуралноста и интеркултурниот дијалог. Сега, повеќе од било кога треба да работиме сплотени заедно, за да си ја направиме земјата подобро место за живеење.

Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство, да се посветиме на градењето европски стандарди дома. Тие стандарди значат одговорност и отчетност пред граѓаните во борбата за Едно општество за сите. Значат бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот за да се обезбеди достоинствена живеачка тука во нашата татковина. Тоа е во мандатот на сите министри и заменици-претседатели на Владата, тоа е во мандатот на целата Влада, верувам дека заедно ќе се движиме кон таа цел“, порача Зоран Заев.

 

/МИА/
Next Post

Заев: Подготвени сме да слушнеме и да прифатиме се што е најдобро за учениците

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk