Хрватскиот научник, молекуларен биолог Иван Џикиќ, кој работи во Институтот Гете во Франкфурт смета дека имунитет на стадо во една држава може да се постигне ако се вакцинираат најмалку шеесет проценти од населението.
„Немаме доволно вакцини ниту во ЕУ, ниту во Хрватска за да може за кратко време да се вакцинира населението. Но, со новите вакцини, очекувам од февруари до јуни да има доволно вакцини за да се имунизира доволен број од населението. Но, ако сето тоа трае предолго, вирусот би можел да создава варијантни кои се отпорни и можат да и ‘побегнат’ на вакцината “, вели Џикиќ во интервју за Н1 Телевизија.
Тој советува сите и натаму да се придржуваат до трите најважни мерки за заштите, носење маска, држење растојание и почесто миење на рацете.
Иван Џикиќ, освен за Институтот Гете, работи и за Џенентек во Сан Франциско и за Институтот Макс Планк. Тој член на Американската академија за науки и уметности во одделот за природни науки.
Извор: 360 степени