– Уште еднаш ги повикувам сите партии од опозицијата да го поддржат најголемиот проект кој се финансира со државни пари – новиот Клинички центар за кој ако помине проектот веројатно и ЕУ ќе ни даде грант од 50 проценти од вкупната инвестиција, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција.
Тој ја нагласи и обединувачката улага која би се постигнала со поддршка и на опозицијата на реализацијата на новиот Клинички центар во Скопје.
„Таму нè личи да застанеме задно сите и власт и опозиција и сите граѓани. Законот е во Собранието, убаво е да го поддржиме. Нашиот став е опозицијата да има контролна улога – мнозинство во контролата на изведбата на овој проект. Реализацијата на овој проект е дигање на бруто домашен продукт.“, подвлече Заев на денешниот прес.
Ј. Ѓорѓиоски