Многу често се зборува за што жените не сакаат да зборуваат или лажат. Но, мора да знаеме дека и мажите не се без комплекси. Еве листа на најчестите лаги со кои се служат мажите:
- За годините – додека се во тинејџерските години, лажат дека се барем пет години постари од што навистина се. Со текот на годините, ситуацијата се менува. После триесеттата, лажат дека имаат помалку години од што навистина имаат.
- За финансиите – автомобилите и парите се сонот скоро на секој маж. Во даден момент, се чувствуваат посамоуверено ако спомнат колку се финансиски моќни.
- За килограмите – како што килограмите се проблем за жените, исто така се и за мажите. Оние слабите, лажат дека имаат некое килце плус, а полничките мажи велат дека иаат некое килце минус.
- За сексуалниот живот – мислејќи дека ќе ве фасцинира, мажот често пати уме да излаже дека спиел со многу жени, дека бил најпосакуван маж на планетата или барем во маалото!
- За димензиите – едноставно, кога маж ќе ви каже димензија, не му верувајте!
- За негата – често се срамат да кажат колку козметички препарати користат, па може да ве излаже дека не користи ништо друго освен сапун. А и мажите, исто како жените, се грижат за својата коса и кожа.
- Лажат дека се секогаш расоложени за секс. Па и тие се луѓе, имаат денови кога не им е до ништо дојдено, а најмалку до сексот.
- Никогаш не биле повредени и изневерени, тие не плачат – оваа лага им е секојдневие.
Кога ќе ја погледне човек оваа листа, испаѓа дека мажите и жените, всушност, не се разликуваат многу.
подготви: Владанка Димковска