Потпретседателот на САД, Мајк Пенс е евакуиран од Конгресот на САД денеска откако поддржувачи на Трамп влегоа во зградата и ја опколија сенатската сала за заседанија, додека траеше постапката за сертификација на изборите.
Пенс претседаваше со постапката за сертификација на резултатите од изборите, која беше прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата.
Ова денеска се случи веднаш по говорот на претседателот Доналд Трамп.