ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неверојатни приказни за да започнете одлична година!

Да ја започнеме новата година со позитивни приказни и да најдеме сопствена инспирација за прекрасни дела.

January 7, 2021 19:15
in LIFESTYLE, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Библиотекарите во Мелбурн

Библиотекарите во Мелбурн ги поканија сите постари членови за време на изолацијата во март годинава, поради корона кризата.

Забраните за движење беа ненадејни и многу строги, што беше особено тешко за луѓето кои главно ги напуштаат своите домови заради социјализација, како што се постарите лица.

Вработените во библиотеката „Јара Пленти“ биле загрижени за своите постари членови затоа што знаат дека библиотеките честопати служат како центар на социјалниот живот во нивната заедница, а сега тие одеднаш се затворени.

Така, тие нашле телефонски броеви за контакт и повикале скоро 8.000 нивни постари членови!

Повиците траеле од неколку минути до час и половина и проверувале како се чувствуваат луѓето и дали им треба нешто. Ако имале потреба од нешто, библиотекарите ги повикувале надлежните да им помогнат на старите луѓе.

Јулијана Федермен и нејзината апликација

Поради аутизам и нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание, 22-годишниот брат на  Федерман бил прилично осамен. На Мајкл му недостасувале социјални вештини и храброст да запознае нови луѓе и да се спријатели со нив.

Долго време, сестра му Јулијана се грижела за таа ситуација за на крај да направи апликација која му го олесни животот.

Апликацијата се вика Правење автентични пријателства и им нуди можност на сите лица со посебни потреби, постари од 13 години, да запознаат други и со тоа да стекнат познанства и пријателства и да негуваат богат социјален живот.

Јулијана е решена својот живот да го посвети на „подобрување и разубавување на животот на луѓето со аутизам и други посебни потреби“.

Апликацијата стана голем хит во САД и се надеваме дека наскоро ќе стане достапна и кај нас.

 

Криминалот за убивање на носорози е намален за 53%

Иако физичката изолација заради пандемијата на коронавирусите беше доста тешка за многумина, сепак има некои светли точки тоа ограничено движење на луѓето.

Имено, ловокрадството на носорог во Јужна Африка се намалило за неверојатни 53% само во текот на првата половина на 2020 година, со што се круниса благ тренд на опаѓање, кој владее веќе пет години.

„После една деценија спроведување на различни стратегии, работата конечно започна да се исплати“, рече министерот за животна средина, шумарство и риболов.

Така, во април не беше убиен ниту еден носорог во Националниот парк Кругер – првпат по скоро десет години.

 

 

В.Д

Next Post
GETTY IMAGES

Полицијата во Вашингтон приведе 68 луѓе поради упадот на Капитол

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk