Според истражувањето на „Алфа Рисрч“, спроведено помеѓу 15 и 21 декември минатата година на примерок од 1.017 возрасни граѓани низ целата земја, помалку од половина од Бугарите со право на глас имаат намера да учествуваат на изборите, објави приватната ТВ БТВ, пренесе ТВ Канал 5.
Анкетата покажува дека шест партии ќе го преминат прагот од 4% за влез во Националното собрание, но не и ВМРО на Каракачанов.
Партијата на Бојко Борисов ГЕРБ, води со 24,3% проценти, БСП на Корнелија Нинова која го поддржа претседателот Радев е втора со 21,9%. Партијата „Постојат такви луѓе“ на ТВ водителот Слави Трифонов , (антимакедонски настроена), има 10,2% што е големо изненадување. ДПС на Мустафа Карадај и Ахмед Доган има 7,2%. „Демократична Бугарија” на Атанас Атанасов, според анкетата би освоиле 6,1%, и последнa партија кoja би влеглa во Собранието на Бугарија според „Алфа Рисрч“, е партијата „Исправи се.БГ“ на Маја Манолова која би освоила 4,9% од гласовите на наредните Парламентарни избори во Бугарија.
Она што не е изненадување за „интелектуална“ Бугарија, е лошата проекција за ВМРО на Красимир Каракачанов, кој изминативе месеци се истакнуваше со гласните антимакедонски ставови кои често беа и сериозен говор на омраза.
За разлика од сите лидери на партиите кои би влегле во бугарското Собрание, според оваа анкета на „Алфа Рисрч“, Каракачанов имаше повеќе ТВ и други медиумски настапи од останатите 6 лидери заедно, а бугарските опозициски медиуми сметаат дека токму тоа е причината за неговата непопуларност.