ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ако сме тргувале со националните интереси ќе почневме преговори со ЕУ, политички шизофрени се обвинувањата од опозицијата, вели Димитров

January 8, 2021 10:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се додека ние немаме опозиција која што ќе знае да застане на страна на нацијата во тешки моменти, тие нема да бидат вистинска политичка алтернатива без разлика колку мани има власта. За жал, мани има и власта, имаме уште многу да работиме за да ја оправдаме довербата кон граѓаните. Меѓутоа не прават услуга на македонскиот народ и на сите македонски граѓани тоа што со вакви позиции практично се дисквалификуваат себеси од вистинска политичка алтернатива. Не може политичката борба да оди на штета на македонските интереси или тие да бидат колатерална штета. Така што, јас со чиста совест и многу искрен ќе бидам кога ќе се соочам со пратениците на опозицијата и со таа една политички шизофрена позиција, бидејќи уште не сум сигурен дали интерпелацијата е затоа што не успеавме да ги почнеме пристапните преговори или пак затоа што наводно сме тргувале со националните интереси. Оти ако сме тргувале со националните интереси ќе почневме преговори. Тоа што немаме преговори, значи дека сме ги чувале националните интереси. Ако сме ги чувале националните интереси зошто тогаш овој напад и интерпелација.“, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за МИА.

Тој истакнува дека опозицијата одвај чека да чуе лоши вести, а кога нема лоши вести самата ги измислува

„Ние имаме опозиција која што одвај чека да чуе лоши вести, а кога нема лоши вести самата ги измислува. Со кој образ човек што бил министер за надворешни работи доживува деманти од амбасадори од земји членки во прес рилиси на министерства не еднаш, десет пати. Последното беше Холандија и Данска, кога рече дека не била само Бугарија, или пак другиот потпретседател на опозициската партија којшто кога нешто не чини, вели, Владата е крива, а кога нешто добро ќе се случи, вели, ние го одработивме. Па доживеа директен демант од Словачка и од Чешка. И како со тие луѓе и со кој кредибилитет излегуваат и воопшто разговараат на тема европски интеграции.“, вели Димитров.

Димитров вели дека ние немаме алтернатива на европскиот пат и дека ќе успееме исто како и за НАТO што успеавме меѓутоа не по секоја цена, ќе си го чуваме македонскиот идентитет.

„Нашиот план е јасен, ние сакаме да обезбедиме подобра иднина и предвидливост на следната генерација. Со НАТО успеавме, ќе успееме и со европеизациајта, ќе успееме и со ЕУ, меѓутоа не по секоја цена, ќе си го чуваме македонскиот идентитет и ќе успееме конечно исто како што велеа дека нема да успееме ни со Грција, се покажа дека тоа не е точно. Не прават услуга дури ни на нас. Мислам дека за Владата ќе биде подобро ако има реален притисок и вистински натпревар со луѓе коишто во ист правец ќе сакаат да ја носат земјата и ќе се натпреваруваат во тоа кој е поспособен, кој е почесен, кој е поработлив. Со вакви позиции за жал нашата Македонија нема алтернатива. И мислам дека е добро да има повторно пораз оваа година на локалните избори за конечно таму, или пак да се роди нова сила која што ќе биде вистински предизвик за партиите во сегашната владејачка коалиција.“, потенцира Димитров во интервјуто за МИА.

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, дома се пуштени 20 оздравени

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

Русија тврди дека има нова нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел и може да избегне каков било одбранбен систем

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Работничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружување

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk