Полицијата приведе едно од двете лица кои беа снимени како се закануваат и навредуваат патници во автобус на ЈСП, бидејќи им кажале да стават маски. Според извори на „А1он“, тој признал и дека бил учесник во настанот. МВР и натаму трага по вториот учесник во настанот. Засега нема потврда од полицијата, од каде велат дека се работи на случајот.
Од видеото кое е јавно објавено се слуша како едното лице упатува смртни закани кон патничка, за која беше објавено дека е повозрасна жена. Откако таа му укажала да стави маска додека се превезува со автобусот, што е задолжително поради заштита од коронавирусот, тој и вели: „Ќе треба на некого главата да му ја сечам, стварно сте безобразни, не се занесувајте, кујзнае какви лекови пиете“, а потоа додава: „немој госпоѓо да ми… немој… ќе те носам, во киселина ќе те турам, не знаеш со кого имаш работа“.