Еден од најпознатите и актуелни модни дизајнери во светот, 37-годишниот Александар Ванг се соочи со многу сериозни и ужасни обвинувања. Имено, деновиве одекна веста дека неколку машки и трансродови модели обвинија дека ги дрогирал, но и сексуално ги нападнал.
Некои модели излегоа во јавноста велејќи дека дизајнерот им ставал МДМА во пијалокот, а потоа ги силувал. Овие обвинувања беа објавени на Инстаграм профил кој инаку предупредува модели на многу опасности што постојат во оваа индустрија, и многу наскоро почнаа да се појавуваат и други луѓе кои тврдат дека Ванг ги користел сексуално.
‘Александар Ванг е наводен сексуален предатор, многу машки и трансродни модели се појавија и јавно разговараа за сексуалните напади што ги доживеале од дизајнерите. Важно е да им покажеме поддршка на жртвите – се наведува во објавата на профилот на Инстаграм под наслов „Sh * t Model Management“.
Еден од првите што зборувал за нападот под негово име и презиме е моделот Овен Муни, кој тврди дека сè се случило во еден њујоршки клуб и дека дизајнерот го фатил за ногата, потоа за препоните и дека не запрел сексуално да го вознемирува дури и по неколку молби. Дизајнерот сè уште не ги коментирал овие тврдења.
В.Д