ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Резултати од засилените сообраќајни контроли има, но најважни се превенцијата и човечките животи

January 8, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Статистичките податоци покажуваат дека во последните четири месеци од 2020 година има подобрување во однос на случените сообраќајние незгоди, меѓутоа не може никој да очекува дека ќе ги немаме. Сериозно се размислува МВР да побара од македонското Собрание да се зголемат казните, а во измените во Законот за безбедснот на сообраќајот на патиштата веќе имаме одредби кои овозможуваат одземање на моторните возила. Најважната работа е превенцијата, да се изгради општествен систем во кој јавната свест и прво на најмалите деца ќесеа насочуваме како да се однесуваат во сообраќајот.

Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска во кругот на МВР ја прими од претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска опремата наменета за потребите на сообраќајна полиција.

Најмногу прекршоци што ги идентификува МВР, информира тој, се пречекорување на брзината, возење нерегистрирано возило и управуање без возачка дозвола. Се регистрира и возење под дејство на алкохол, но по сериозните сообраќајни контроли, бројот сериозно е опаднат во овој дел. Сериозен проблем се и моторџиите кои прават проблеми во сообраќајот и ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот и тука, според Спасовски, се потребни поригорозни  мерки. Една од мерките е и одземање на моторното возило на одреден временски период.

Тој потенцира дека во рамки на МВР се разговара за тоа каде би можело да се заострат мерките за добивање подобри резултати.

Спасовски истакна дека кога се говори за сообраќајната култура и свест мора да се третира општеството во целина, да се едуцираат децата за тоа како и на кој начин да се однеуваат во сообраќајот и врз основа на тоа, преку таков процес да се добијат финални резултати, какви што се очекуваат.

Тој потенцира дека имаме луѓе кои не ги почитуваат нормите и дека има ситуации во кои на социјални мрежи овие лица сакаат да се покажат како мангупи пред јавноста, истакнувајќи дека тоа се класични бандити кои ништо друго не знаат да направат.

– Наша задача е да се бориме против таков бандитизам и тоа го правиме во изминатиот период, рече Спасовски.

Тој истакна дека намалувањето за повеќе од 40 проценти на сообраќајните незгоди со смртни последици смрт и со тешки телесни повреди, ќе бидат уште поголема мотивација за полицијата, но оти тоа сепак не е доволно.

– Разговараме и констатираме дека во ниту еден момент не треба да бидеме задоволни. Дури и една жртва да имате во сообраќајната незгода, таа е многу скапа. Кој било човечки живот е многу поскап од што било во државата и треба да се стремиме да го намалиме на најмало можно ниво, истакна министерот  Спасовски.

Тој наведе дека во земјава немаме доволно светлосна и вертикална и хоризонтална сигнализација и тука треба да се работи многу повеќе бидејќи тие надлежности не се ниту само на МВР, ниту на Републичкиот совет, туку се надлежности што се испреплетуваат.

Безбедноста, посочи Спасовски, во голема мера во државата зависи и од надлежнсотите на другите институции. Како пример тој наведе дека многу побезбедни се деловите, градовите и населените места, што се добро осветлени, во однос на оние кои немаат јавно осветлување.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Како жените се справуваат со менструалниот циклус во Вселената (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk