Човекот кој е фотографиран како седи со качени нозе на бирото на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за време на упадот во Капитол Хил, е уапсен и се товари за три дела, вклучувајќи и кражба од јавен имот, соопштија официјални владини извори.
Ричард Барнет од Арканзас бил уапсен во петокот наутро во главниот град на оваа сојузна држава, Литл Рок.
Барнет е обвинет за отворање и останување во забранети места во зградата без дозвола, насилен влез и правење неред во Капитол Хил, како и за кражба од јавен имот.
Истота така, е и државјанин од Алабама се товари за поврзаност со бомба (pipe bomb) која беше пронајдена на јужната страна на зградата Капитол. Единаесет Молотови коктели и воено оружје биле пронајдени во неговиот пикап.
Федералната полиција трага и по други сторители.
Извор: CNN