ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

July 11, 2025 12:57
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска – во изјава за Фронтлјан ја критикува актуелната власт: „Наместо да гради интеркултурна комуникација, оваа Влада ги продлабочува поделбите во општеството.“

Според неа, мултикултурализмот е социјален факт, не идеологија, додека Охридскиот договор го претвори тоа во политички систем. „Сѐ што е надвор од ова е чекор назад!“, вели потпретседателката на СДСМ.

– Мултикултурализмот во земјава е социјален факт, како во земјава така и регионално, но и глобално. Не постојат културно хомогени општества. Но, постојат политичари, за жал, кои под превезот на национализмот сакаат да го негираат тој социјален факт, изјави Чупеска за Фронтлајн.

Таа потенцира дека мултикултурата и мултиконфесионалноста се нормални современи општествени околности, на кои секоја демократска држава мора да се прилагоди.

– Во спротивно, ризикува да остане назадна, авторитарна и неадаптирана, нагласи Чупеска.

Таа вели дека со Охридскиот Рамковен Договор, 2001, овој социјален факт се реифицираше на ниво на политички систем.

„Имаме модел на нормативен и либерално концепиран мултикултурализам кои преку институтите на споделување на моќта (power shering), гарантирано претставување и редуктивното вето (бадентерово) успеваме низ институциите да ги акомодираме тие разлики. Во врска, со мултикултурното заедништво, за жал, сè уште немаме задоволително ниво на интеркултурна комуникација во општеството и покрај заложбите на претходната влада предводена од СДСМ“, и додадава:

– Оваа Влада, сметам дека тоа сериозно го запоставува, и се чини како да се труди дополнително да ги продлабочи разликите во општеството, наместо да гради конкретни политики на интеркултурализмот, заклучи Чупеска.

Дали Македонија е сè уште мултикултурна заедница?

Иако, Македонија формално е мултиетничка и мултиконфесионална држава, земјата сè уште се соочува со сериозни предизвици на патот кон вистински мултикултурно општество.

Македонија одамна се дефинира како мултиетничка и мултиконфесионална држава. Со присуство на повеќе етнички заедници – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци – како и различни верски групи, оваа разновидност е реален општествен факт.

Но, дали таа разновидност е и вистински интегрирана?

Официјалните рамки, како што се Охридскиот рамковен договор и Законот за употреба на јазиците, обезбедуваат формална рамноправност. Албанскиот јазик има службен статус, а државата се обврза на правична застапеност во институциите. Сепак, животот во паралелни светови останува доминантна реалност. Медиумите, училиштата, културните настани – сè уште се строго поделени по етничка линија.

Политичката сцена дополнително го усложнува процесот. Партиите често настапуваат исклучиво во име на „својата“ етничка група, што го ограничува концептот на граѓански вредности и инклузивност. Наместо интеркултурен дијалог, доминираат етнички популизми и национални наративи.

Младите, пак, сè поретко имаат прилика за вистинска интеракција со врсници од други заедници. Недостигот на заеднички простори – било во образованието, културата или спортот – го оневозможува процесот на градење на заеднички вредности.

Сето ова укажува дека, иако сме мултиетнички, не значи дека сме и мултикултурни. Мултикултурализмот не е само политичка декларација или уставна формулација – бара активна културна интеракција и заемно разбирање.

Дестан Јонузи

Tags: Ана ЧупескаВладаВМРО-ДПМНЕмеѓуетнички односиМултикултураСДСМ
Next Post

Истражителката на ОН за Газа, Франческа Албанезе, вели дека санкциите на САД против неа се знак на „вина“

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk