ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривична пријава за четири лица поради измама со возила, и за шест лица поради прикривање и помагање

January 10, 2021 11:39
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ

Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи на сомневање дека сториле по три кривични дела „измама“, казниви по чл.247 од Кривичниот законик, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.

Пријавените, соопшти МВР, кривичните дела ги извршиле на идентичен начин, и тоа откако претходно ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи моторни возила, се јавувале на објавениот телефонски број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, поради купопродажба на возилото. По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетениот во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата ќе бидат исплатени на рака. По потпишување на договорот, пријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.

Во врска со овие случаи поднесена е и кривична пријава против други шест сторители за реализирани седум кривични дела „прикривање“ по чл. 261 и едно кривично дело „помагање“ по чл. 24 ст. 2 од КЗ на РСМ и тоа против А.Н. (44) од Арачиново, Р.С. (30) од Скопје, Н.И. (24) од Скопје, М.А. (23) од Скопје, Р.Ш. (28) од Скопје и Х.Ч. (56) од Скопје.

Во врска со случајот од страна на полициските службеници се одземени шест возила кои се предадени во Агенцијата за одземен имот до завршување на постапката, соопшти МВР

Next Post

Пладневен преглед: Зголемена безбедност, подобра економија - како 30та членка на НАТО,Гермијан-пример за модерно европско село

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk