ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вегетаријанство: Типови вегетаријанци

January 10, 2021 13:49
in ЗДРАВ ЖИВОТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во светски рамки сè повеќе луѓе се интересираат за вегетаријанството и сè поголем е бројот на луѓе кои поради најразлични причини се откажуваат од месото и продуктите од животинско потекло. Многумина преминуваат кон вегетаријанска исхрана поради грижата за животните и животната средина, или пак, заради сопственото здравје, но кај друг дел вегетаријанци мотивацијата има религиозна или економска позадина.

Вегетаријанците прифаќаат посебна исхрана која го исклучува консумирањето на месо (вклучително риба и морска храна). Здружението на вегетаријанци го дефинира вегетаријанецот како личност која се храни со житарки, мешунки, јаткасти плодови, семиња, овошје и зеленчук, а може да консумира и јајца и/или млеко и млечни производи.

Вегетаријанството не е минлив тренд како што би го опишале одредени лица, туку тоа е начин на живеење и размислување, прифаќан и негуван векови наназад. Исто така, на вегетаријанската исхрана не треба да се гледа како на диета за слабеење, тоа е промена во животниот стил која вклучува нов режим на хранење.

Вегетаријанството опфаќа повеќе типови на исхрана и многу често доаѓа до забуни при дефинирањето. Можеби сте слушнале „Веган сум, не вегетаријанец“ или „Вегетаријанец сум, но не јадам јајца“ или „Вегетаријанец сум, но јадам риба“. Токму поради различните преференции на лицата кои практикуваат вегетаријанска исхрана, се издвојуваат неколку типови на вегетаријанци.

Ово-лакто-вегетаријанци. Покрај растителните продукти, консумираат и јајца и млеко и млечни производи. Оваа група на вегетаријанци е најбројна и кога некој ќе каже дека е вегетаријанец, се претпоставува всушност дека е ово-лакто-вегетаријанец, односно поимите се поклопуваат.

Ово-вегетаријанци. Покрај растителни продукти јадат и јајца, но ги исфрлуваат од исхраната млекото и млечните производи.

Лакто-вегетаријанци. Покрај растителни продукти консумираат и млеко и млечни производи, но ги исфрлуваат од исхраната јајцата.

Вегани. Строги вегетаријанци кои целосно ги исфрлаат од исхраната производите од животинско потекло, дури и медот. Веганството не подразбира само специјален начин на исхрана, туку тоа е дефинирано како филозофија и стил на живот. Веганите го осудуваат секое искористување, мачење и убивање на животни, па не носат облека од вистинска кожа и природно крзно, повеќето избегнуваат продукти изработени од волна и свила и не користат производи кои се тестирани на животни.

„Сирови“ вегани. Вегани кои вклучуваат во својата исхрана само свежи и неготвени зеленчуци, овошни плодови, јаткасто овошје, мешунки, семиња, житарки, билки, растителни масла и свежи сокови. Храната може единствено да се готви на температура до 48°C.

Фрутаријанци. Исхраната им се базира на овошни плодови. Некои вклучуваат и јаткасти плодови и семки.

Радикални фрутаријанци. Консумираат единствено овошни плодови кои сами паднале од растението на земја.

Дополнително постои уште една категорија на т.н. полу-вегетаријанци. Тука спаѓаат лицата кои во исхраната вклучуваат риба или месо од живина, но не и месо од цицачи. Многумина избираат ваква исхрана како преоден чекор за полесно прилагодување кон вегетаријанската исхрана.

Пескотаријанци. Покрај растителни продукти консумираат и риба.

Полотаријанци. Се хранат со растителни продукти, но јадат и пилешко месо.

Поло-пескотаријанци. Покрај растителна храна, јадат и месо од живина и риба, односно „бело месо“.

Здружението на вегетаријанци е категорично дека полу-вегетаријанците не спаѓаат во групата вегетаријанци, бидејќи вегетаријанството ги исклучува сите видови месо.

Неретко се среќава уште една група која се поврзува со вегетаријанството, т.н. флекситаријанци (повремени или флексибилни вегетаријанци). Станува збор за релативно нов термин кој ги опишува лицата кои воглавно се хранат со растителна храна, но понекогаш јадат и месо.

Добро испланираната вегетаријанската исхрана не само што не го нарушува, туку и го подобрува здравјето. Клучот кон здравата вегетаријанска диета е консумирањето на разнообразна храна, при што посебно внимание треба да се посвети на внесувањето на железо, протеини, витамин Б12, омега-3 масни киселини, калциум, цинк и витамин Д.

Next Post

МНР: Османи и Захариева договорија претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план

НАЈНОВО

Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025
Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk