Министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Германија и Франција на денешната средбата во Каиро разговараа за начините за продолжување на мировните разговори меѓу Израел и Палестинците, една недела пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.
Во заедничката изјава тие повикаа на практични чекори за почнување „веродостојни преговори“ за формирање на палестинска држава, со главен град Источен Ерусалим, на територијата што Израел ја освои во Шестдневната војна во 1967 година.
Тие изразија подготвеност да посредуваат заедно со САД во преговорите што ќе доведат до „сеопфатен, праведен и траен мир во регионот“.
Шефот на египетската дипломатија Самех Шукри истакна дека воспоставувањето на независна палестинска држава не треба да ја загрозува безбедноста на Израел и додаде дека тоа е „главната гаранција за постигнување стабилност во регионот“.
Палестинците се соочија со низа пречки за време на администрацијата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп и се пожалија на чекорите на Вашингтон, за кои сметаа дека се произраелски, и изразија подготвеност да соработуваат со администрацијата на Бајден.
/МИА/