Во врска со изјавите на политичарите од Република Бугарија во однос со Македонија, Османи во своето интервју на Топ – Тема вели дека сепак не е коректно да се коментираат изјави на политичари, бидејќи Бугарија е во предизборен период и дека наша цел не е да бидеме дек од предизборниот дискурс.
“Најдобриот начин на којшто ќе одговорите на тие провокации е доколку на маса ќе најдете решение без притоа да ги загрозите прашањата кои што се важни за државниот, национален интерес на граѓаните, народите кои што се овде. Сметаме дека тоа е најдобриот и единствениот пристап којшто може да создаде одржливо решение. Јас мислам дека има напредок во овие 4 месеци независно што не стигнавме да го заокружиме прашањето, има јасна дистинкција по однос на прашањата кои беа покренувани на почеток и во официјалните документи до сегашната позиција бидејќи пополека како комуницираме повеќе, како се интензивираше комуникацијата во овој период се повеќе се разјаснуваат одредени прашањаВо таа официјална комуникација од почетните позиции пред 4 месеци и како се интензивираше комуникацијата се повеќе се разграничува прашањето на историјата во функција на ревизија на идентитетот и историјата во функција на надминување на стереотипите со цел приближување на народите.” – објаснува Министерот Османи.
На прашање кои се нашите позиции и која е нашата преговарачка рамка, министерот додаде: “Нашите позиции биле јасни од старт, не разговараме за идентитетските прашања, за историјата во функција на ревизија на идентитетот да, сме спремни да отворено разговараме за сите стереотипи, за сите рецидиви од минатото којшто го создале погледот антибугарски овде, дали во нашиот образовен процес, дали воопшто во општеството и тие прашања треба отворено да се разговараат и тоа со самодоверба, без никаков страв дека тоа ќе загрози некого.“ – вели министерот Османи, во вечерашното интервју на Телевисија Телма.