пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Имам голем респект кон општествениот ангажман на Петрит Сарачини. Затоа што е хармонизиран со авторот. Со неговата природа. Со неговиот светоглед. Така ми делува. Ангажман кој трае. Конзистентен е. Ослободен од позата. Од рангирањето на себе пред тоа на целта. Некорисно залагање за општото добро.
Петрит е добронамерен човек кој излегува од својот мир само кога има со што да му сврти внимание на општеството на опасноста да не се попари од нечија слатка каша или од тоа да му седне во скутот на првата будала со ерекција. Фалусна или ментална, сеедно. Тоа е човек кој жртвува дел од себа за општото добро. Жилав борец, но не тепачиште. Не сум забележал дека некогаш ја преминал линијата на пристојноста за која мене, да речеме, ме обвинуваат секој миг. И ми нанесуваат неверојатно тешки болки во пределот на меѓуножјето. Освен тоа, една негова свирка предизвикува повеќе емоции од сиот опус на бушавата будала од Отвореното општество. Нашата чудоредност ќе се побуни на овој став, но тоа е така. Да ми рече некој бирај меѓу Милчин и неговото куче, јас би го зел кучето. За кој курац би ми бил Владе. А со Петрит би отишол на пиво. Ако има куче и со кучето. Три пати сум го сретнал ама го чувствувам за пријател. Амон Мра. Хахаха. Милчин сум го сретнал повеќе пати, но и дома да го ставам во некоја вазна нема да можам да изградам таков однос. Ретко лош, злобен, осветољубив човек, кој во допир со општото добро предизвикува штети кои се пропорционални на стисокот што му се овозможува и на повредената суета што му се слева низ лицето.
Преземено со дозвола од Авторот