ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тутунарите и откупувачите се договорија – ќе се преземат и договорените количини и вишоците

January 13, 2021 15:04
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите ќе ја забрзаат динамиката на откуп, ќе ги преземат и вишоците, а пунктовите ќе бидат отворени додека откупниот процес не заврши во целост. Ако има потреба, тутун ќе може да се носи на вагите и во саботите. Ќе се интервенира и законски, за евентуално пролонгирање на рокот за откуп и по февруари.

Ова го договорија денеска производителите и откупувачите, на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во Скопје.

Како што беше речено по средбата, досега се откупени 40 отсто од реколтата. Квалитетот е полош од лани, затоа и цената е пониска.

Динамиката на откуп засега е 700 тони дневно, а министерот е убеден дека оваа лоша година за тутунот, сепак ќе биде позитивно заокружена.

-Решение има ако фирмите ја забрзаат динамиката и го откупот вишокот на тутунот како што беше догорено денеска. Се согласија пунктовите да работат до законскиот рок, но и потоа, ако има потреба. Динамиката на откуп ќе биде зоглемена. Сите компании кажаа дека вагите ќе бидат отворени до преземање на сите количини, рече претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнароски.

На средбата е договорено, додаде Стомнароски, производителите во подрачните единици да ги пријават вишоците тутун и да кажат со кои компании имаат склучено договори.

-Потоа ќе седнеме со откупувачите и ќе се одлучи која компанија колку ќе преземе за да се откупи целиот тутун, истакна претседателот на Сојузот.

Ова се однесува, објасни, и за тутунарите кои немаат договори. И тие треба да се пријават во подрачните единици за да се најде решение и за нив.

-Сигурен сум дека ќе се почитува она што беше договорено денеска и дека позитивно ќе заокружиме една лоша година за тутнот. Незадоволството кај тутунарите е нормално зашто цената не е како лани. Но, тоа не зависи од нас или од нив, временските услови се такви какви што се, квалитетот е многу послаб. Сепак, со сите напори што ги правиме и со сите заложби на релевантните страни, мислам дека спасуваме на најдобар можен начин тоа што одеше во навистина многу лош правец, изјави министерот Хоџа.

Колку вишок тутун има, засега не се знае, истакна Хоџа. Наложено им е на службите во Министерството тоа да го проселдат, но и производителите ќе треба да пријават за колкава количина станива збор. Прво ќе треба да се испочтиуваат сите договори и тој род да се откупи, а потоа и да се утврди вишокот.

-Веќе имаме 40 отсто откупен тутун и малку појасна слика од претходно. За жал, тоа што претпоставуваме дека имаме послаб тутун од лани се покажува секојдневно од сите податоци. Динамкиката на откуп е 700 тони дневно, сметаме дека ќе се испочтитува законскиот рок за откупот и  нема да има потреба од негово поместување. Ако поради временските или други услови се оцени дека има потреба, ќе се подготви и законска измена за да се продолжи рокот најмалку две до четири недели, рече министерот.

Според него, сите откупувачи искажале подготвеност за откуп на вишоците.

-Тоа ќе се види заклучно со 15 февруари кога се очекува да заврши откупот на договореното, а останатите две недели од февруари ќе се откупува вишокот. Ваквата лоша сезона по квалитет и од други причини, сепак успеваме да ја спасиме со откуп на вишокот и со заеднички договор, дополни Хоџа.

Тој информира и дека Тутунскиот комбинат од Прилеп ќе ги преземе договорените 440 тони за кои една од откупните компании не успеала да обезбеди средства.

Реколтата годинава е околу 23.000 тони. Проблемите со откупот почнаа веднаш. Тутунарите во неколку наврати протестираа, незадоволни од проценката и одбитоците. Се жалеа дека се изманипулирани од откупувачите, а својот револт го изразија и пред Владата, последен пат на 4 јануари 2021 кога симболично дури и запалија одредена количина тутун. Со министерот кој постојано ја следеше состојбата, имаа повеќе средби. За зголемување на откупната цена Хоџа предложи да се укине четвртата класа тутун. Сепак, како крајно решение за надминување на состојбите беше избран дијалогот и постигнувањето заедники договор меѓу производителите и откупувачите. Ланската реколта која важеше за една од досега најдобрите, заврши со откупени 26.000 тони тутун со просечна цена 220 денари.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Можно е договор за ослободување на заложници да се постигне за неколку дена

July 11, 2025
Учесници на „Маршот за мир“ во Поточари, 10 јули 2025 Фотографија: исечок од видео на БИР ТВ

30 години од геноцидот во Сребреница: Учесниците на „Маршот на мирот“ синоќа пристигнаа во Поточаре

July 11, 2025

Мицотакис за „Билд“: Грција не е отворен коридор кон Европа

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk