Американските медиуми објавија фотографии на социјалните мрежи со војници од Националната гарда како спијат на подот во Конгресот, со оглед дека стравуваат од нов упад во Законодавниот дом.
Во меѓувреме Законодавниот дом се спрема за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Лидерот на мнозинството во Долниот дом, Стени Хојер, рече дека однесувањето на Трамп бара „итна, јасна акција од Конгресот“. Тој ги отфрли аргументите на републиканците дека брзиот импичмент само дополнително ќе ја подели земјата. Хојер цитираше петмина републиканци во Конгресот кои рекле дека ќе го поддржат импичментот на Трамп. Тој предвидува дека повеќе републиканци ќе се приклучат подоцна во текот на расправата.
Од друга страна, дел од републиканците во Конгресот изјавија дека се загрижени за сопствениот и за животот на нивните роднини ако го поддржат импичментот на претседателот Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен.
Некои од нив „сакаат да гласаат за импичмент, но стравуваат за нивните животи и за нивните роднини“.
— Cordelia Lynch (@CordeliaSkyNews) January 13, 2021