ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Актерката позната како Хурем султан го откри името на својата ќеркичка

January 14, 2021 11:22
in LIFESTYLE, ДЕНЕС

Актерката Мерјем Узерли пред шест години, за време на нејзината прва бременост, се соочи со еден од најтешките периоди од нејзиниот живот. Тогаш таа сама ја пречека својата прва ќерка Лара, но овој пат не е сама, таткото на нејзиното второ дете сè уште се крие од јавноста.

 

 

Турската актерка, која ја гледавме во улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величенствениот“, ја објави среќната вест на својот инстаграм – профил.

Со неколку фотографии, таа на своите обожаватели им откри дека во петокот го родила своето второ дете, девојче кое таа и нејзиниот партнер го нарекле Лили Кои.

„Најмила моја Лили Кои… Лара, тато и јас сме многу среќни што пристигна во нашето семејство. Ние сме благословени и среќни што ни се придружи“, напиша Мерјем во описот на првите фотографии со својата ќерка.

Иако минатиот септември ја откри својата втора бременост, актерката не сакаше да го открие идентитетот на таткото на нејзината ќерка, кој не сакал да се експонира во јавноста.

Но, изминатиов период турските медиуми почнаа да шпекулираа дека таткото на бебето е популарниот турски актер Каглар Ертугрул. Но, никој од нив досега не ги потврди или негираше овие гласини.

Со самата најава за раѓањето на нејзината ќерка, таа остана дискретна, почитувајќи ја желбата на својот сакан.

„Лара долго време сакаше брат или сестра, јас сум пресреќна што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И јас сум среќна затоа што основам свое семејство“, изјави Мерјем во интервју минатата година.

Имено, пред да ја роди својата прва ќерка, актерката се соочувала со сериозни здравствени проблеми, а додека се обидуваше да се опорави, остана бремена. Во тоа време, нејзиниот партнер, претприемачот Кан Атеш, ја принудувал актерката да абортира, но таа одбила. Нивната врска заврши неславно, целосно прекинувајќи ги контактите и таа сепак одлучи да ја донесе на свет Лара.

Од тие бурни периоди во нејзиното минато, Мерјем не зборува за нејзиниот приватен живот, одлучувајќи среќата во нејзиниот живот да ја чува за себе.

 

извор слободенпечат.мк
Next Post

СДСМ: Попис оваа година ќе има, тоа е патриотски чин важен за развој на државата, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk