Не дозволувате да врескаат по вас – врескањето влијае негативно на вашиот нервен систем и јасно им кажувате на луѓето да ви се обраќаат со смирен тон, дури и кога ви посочуваат што сте погрешиле.
Како што секој ден имате некои навики за физичка хигиена како миење на заби и туширање, така треба да имате и навики за „психичка хигиена“. Мора да внимаваме на своето ментално здравје и да се грижиме за себе.
Многу луѓе оваа нега ја запоставуваат, а таа е клучна за квалитетен начин на живот.
Во време на пандемија, а и во било какво невреме најважно е на себе си да си дадете време, за да видите и согледате каде се наоѓате. Еве неколку навики кои покажуваат дека се грижите за себе си, а ако не се грижите – време е за нов старт!
Навики кои покажуваат дека се грижите за своето ментално здравје и за кои не треба да се извинувате никому:
– Си давате одмор и време за себе – без разлика дали тоа за вас подразбира мрзеливо лежење во кревет или прошетка сами во парк.
– Си дозволувате мали задоволства – од парче од омилената торта до квалитетно кафе, секој ден си приредувате мали мигови на радост.
– Не дозволувате да врескаат по вас – врескањето влијае негативно на вашиот нервен систем и јасно им кажувате на луѓето да ви се обраќаат со смирен тон, дури и кога ви посочуваат што сте погрешиле.
– Им верувате на своите емоции – знаете точно како се чувствувате во врска со некоја ситуација или човек и кои се вашите причини за тоа, доследни сте на себе и не потпаѓате под туѓи влијанија.
– Зборувате гласно за своите чувства – не ги криете чувствата и сите се свесни кога сте нервозни, кога тажни, кога вљубени, знаете дека покажувањето на емоциите е нормално и здраво.
– Прекинувате комуникација со непријатни луѓе – од лошиот сосед до завидливата пријателка, вие сте свесни дека животот е еден и нема потреба да си го загорчувате со мрачни луѓе, полни со негативна енергија.
– Се штитите себеси од непотребни информации – телевизија, интернет, радио, бомбардирани сме со политика, негативни вести, трачеви, но вие се фокусирате само на тоа што ве интересира и ги игнорирате иритантните информации за да не ви го расипат денот.