Во Бирото за jавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денеска е остварена работна средба помеѓу директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија. На средбата, на која присуствувле и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција со претставници од Одделот, се дискутирало за досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.
Дали пописот ќе биде статистичка или политичка операција, беше клучното прашање околу кое се расправаа пратениците попладнево. Владејачкото мнозинство остана на ставот дека Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а опозицијата, квалификувајќи го како паушално решение и алатка за демографски и етнички инженеринг, повторно побара негово повлекување и отворање широка јавна дебата со цел постигнување општествен консензус.
Со поголема транспарентност се бориме против лажните вести, рече Забрчанец. Нашите амбиции за борба против дезинформациите и натаму стојат, некој се обиде да манипулира дека ние ќе имаме наводно некаква комисија која ќе одлучува што е лажна вест, а што не е. Тоа е најевтино и најпропагандно пакување во однос на акцискиот план. Не, не сме ние за тоа, нема да одлучуваме која веста е лага која не, но сериозно ќе излеземе и ќе потенцираме ако некој лаже, додаде.
Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи. Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
Поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти, а починати се 15 лица.