ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Даштевски смета дека е најнепартиски член на ДИК и дека не ја добил новата функција затоа што му помогнал на Груевски да добие азил

January 15, 2021 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Даштевски е избран за нов претседател на ДИК, а денеска даде заклетва дека ќе работи стручно и професионално. Од денеска работи новиот состав на Државната изборна комисија. Даштевски за себе рече дека е најнепартискиот член на ДИК.

– Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене, изјави Даштевски.

Нов состав на ДИК

Јавноста го памети по многуте медиумски настапи во кои јасно и недвосмислено ги поддржуваше политиките на поранешниот премиер, а сегашен бегалец во Унгарија, Никола Груевски.

За време на упадот во Собранието на „крвавиот четврток“ на 27 април 2017 година, Даштевски беше претседател на Комисијата за дискриминација и му овозможи на Груевски „да докаже“ дека е дискриминиран во судските процеси кои се водат против него во неговата татковина и да добие азил.

,,Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје”.- пишуваше во одлуката на Комисијата за дискриминација.

Даштевски во денешната изјава негираше дека оваа функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Груевски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски исполнува ветувања кон него.

На прашањето дали е сигурен во тоа тој одговори: „100 отсто“.

Целосниот состав на ДИК стапи на должност со давањето свечена изјава пред спикерот Талат Џафери. Членовите беа избрани во куса собраниска процедура, едногласно, со 95 гласа за. Од минатиот состав, останаа Дитмире Шеху, поддржана од ДУИ и Борис Кондарко и Радица Ристевска, поддржани од СДСМ, како и поранешниот заменик министер за правда Оливер Ристовски. ВМРО-ДПМНЕ има претседател и уште еден член – Бобан Стојановски од собраниските служби. Како втора опозициска партија, Алијанса-Алтернатива, застана зад правникот Кренар Лога.

Денеска им истече мандатот на сега веќе поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски и Елизабета Постолоска, кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, на Јанаке Витановски предложен од СДСМ и на Енвер Салихи од Беса.

Работно портфолио на Даштевски

Даштевски е роден е во декември 1962 година, по вокација е правник. Магистар е по меѓународни односи и дипломатија и е доктор на политички науки. Веќе бил член на ДИК во периодот од 2006 до 2009 година. Според биографијата зборува англиски и француски јазик, а во моментот работи како вонреден професор на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде е претседател на Сенатот. Од 2016 година до денеска предава политички маркетинг, деловна етика, општествена одговорност…

Во работното портфолио на Даштевски се вбројуваат и функциите доцент на Универзитетот Евро-Балкан во Скопје во 2013, а во периодот од 2012 до 2015 година бил и генерален директор на овој Универзитет. Во периодот од 2010 до 2012 година бил директор на приватното трговско друштво Витрувио 2011 ДОО Скопје. Исто така во 90-тите работел како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија.

Даштевски исто така, во периодот од 2004 до 2006 година бил генерален директор на Трготекстил АД-Скопје, помошник директор во Цариската управа и републички советник во Владата од 1998до 1999 година.

И.T. Зафировска

Next Post

Русија во моментов испитува 1.500 мутации на Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk