„Подготвени сме да креираме политики, да го поттикнеме интересот на граѓаните да го стават тој „мртов капитал“ во финансиски промет, поточно да инвестираат. Средствата што ќе се легализираат ќе се оданочат за да се полни граѓанскиот буџет и да се реализираат проекти за граѓаните.“, истакна Заев во интервјуто за „Капитал“ во врска со најавата за легализација на готовината со која располагаат граѓаните, а која не e влезена во системот.
Тој нагласи дека ова нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и сл. а мерката ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ.
„Потеклото на парите ќе се проверува и оваа можност нема да важи за оние за кои се водат судски постапки, има обвиненија за нелегален бизнис, криумчарења и слично. Сето ова постои во европските земји. Оваа мерка ќе се реализира во целосна координација со делегацијата на ЕУ со цел да се искористи и овој ресурс за развој. Граѓаните кои располагаат со готовина која не e влезена во системот, ќе може да ги стават парите на сметки со плаќање на 10% данок или таквите пари да ги инвестираат во државна обврзница.“, рече премиерот Заев во интервјуто за „Капитал“.
Ј. Ѓ.