Јавното обвинителство ќе истражува дали е кривично дело палењето на бугарското знаме во Вевчани.
„Обвинителството ќе испитува дали во случајот има кривично дело – Повреда на угледот на странска држава, по член 181 од Кривичниот законик. По наредба на Обвинителството, СВР Струга треба да го утврди идентитетот на сторителот и да ги идентификува и другите присутни на настанот. Исто така, ќе бидат обезбедени и евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на настанот“, велат од Јавно обвинителство.
Извор: ТВ 24