ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски за пописот: Да не потпалуваме оган со скриени агенди, затоа што ни треба статистичка операција без политичко мешање

January 15, 2021 10:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неспорно е дека на Балканот, за жал пописот наместо статистичка е политичка операција, но дајте да се сретнеме, порачува претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за МИА .

-Јас разбирам, легитимна е битката за власт, легитимна е битката за подобри политики, легитимна е политиката на опозицијата да ја критикува власта, иако не мислам дека кабаетот овде е само сто процентно на едната страна опозициона, но би сакал да ги видам конструктивните предлози на опозицијата во однос на пописот да бидат прифатени. Зошто да не, вели претседателот на државата.

Додава дека на овие простори пописот се врзува за политичка операција затоа што се уште правата на луѓето, во меѓународна терминилогија правата на човекот, се гледаат пред се низ националната призма, поради што ни треба статистичка оперција без   политички мешања.

-Ни требаат конкретни изјави дека и по смена на власта никој нема намера да го менува Уставот, да ги одзема правата итн. Таква изјава до овој момент ние немаме од некои битни чинители на политичката сцена, пред се мислам на опозицијата, забележува Пендаровски во интервјуто за МИА.

Шефот на државата потенцира дека не постои политичка терминологија, која го користи изразот бојкот на попис, резултатите можат да бидат непризнати, но не постои израз да се повикаат граѓаните на бојкот на пописот.

-Значи ако вие се обидувате со одредена реторика да кажете дека ние не сме толку колку што ќе прикаже пописот утре, а затоа имате скриена политичка агенда, тогаш е чесно да го кажете тоа однапред, а не по пописот. Инаку Ве уверувам дека не постои политичка терминологија која користи израз бојкот на пописот. Не постои. Вие може да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, меѓутоа  не постои израз ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот. Такво нешто немам чуено до сега да се случило во европската политика. Сакам да излеземе со јасни ставови дека ова сакаме навистина да биде, не затоа да скриеме некоја друга агенда ако воопшто има скриена агенда. Затоа не мислам дека треба да потпалуваме повеќе огнови од оние кои веќе ги имаме години, години и веќе ги знаеме сите, пред се во економско социјалната сфера во која тешко се  живее, демографската сфера во која многу млади луѓе заминуваат и уште ни фали и тука да направиме проблем каде што го нема, порача претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за МИА, кое во целст ќе го емитуваме утре.

 

/МИА/
Next Post

Презентација на анализа на Деловникот и Законот за Собрание од аспект на родот и различностите

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk