ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции, постигнавме рекордно најмногу инвестиции за две години, нагласи Заев

January 15, 2021 15:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба. Тоа е многу повеќе од периодите јули 2013 – јуни 2015, и јули 2015 – јуни 2017 кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики. Растат странските инвестиции. Во периодот од јули 2017 – јуни 2019, има 741 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од овој историски рекорд на странски инвестиции, во периодот од јули 2013 – јуни 2015, имаше 457 милиони евра, а во периодот од јули 2015 – јуни 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.

Ова во интервју за „Капитал“ го изјави премиерот Зоран Заев, одговораќи за реализацијата на директните странски инвестиции.

„Рекордните странски инвестиции дојдоа како резултат на два фактори: На надминувањето на политичката криза и со започнување со работа на нашата одговорна и транспарентна влада и од решавањето на сите наши билатерални спорови со соседите и откочувањето на евроатлантските интеграции. Дирекцијата исто така подготвува мерки за поттикнување на побрза реализација на инвестициите што веќе се во тек, вклучително и зголемување на број на вработени, како и раст на плати, како посебен сет на мерки.“, истакна Заев.

Тој нагласи дека Владата предвидува интегрирање на капацитетите на две други агенции – за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на Дирекцијата за ТИРЗ

Во годишната програма за работа на Дирекцијата за ТИРЗ за 2021 предвидено е воведување на нов концепт во привлекувањето и реализацијата на инвестициите. Акцент ќе се стави на инвеститори со повисок квалитет, односно проекти со повисока додадена вредност, што ќе се преслика во поголеми приливи во буџетот, повеќе и повисоко платени работни места, како и поголема соработка и вклучување на домашни компании во глобалните вредносни синџири. За 2021 исто така се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони изготвен според потребите на корисниците. Новиот концепт на работење на Дирекцијата подразбира и креирање на една влезна точка за сите потреби на потенцијалните и постојните инвеститори, вклучително и проширување на услугите и поддршката и кон домашните, наместо исклучиво кон странските. За таа цел, програмата за работа на Владата предвидува интегрирање на капацитетите на две други агенции – за странски инвестиции и за претприемништво во рамки на Дирекцијата за ТИРЗ, со што и практично ќе се олесни и поедностави пристапот до услугите на државата кон инвеститорите. Ваквиот чекор подразбира рационализација на капацитетите односно целосно искористување на постојните човечки ресурси во овие две агенции, а за потребите на спроведување на новиот концепт на работа на Дирекцијата за ТИРЗ.“, потенцира премиерот Заев во интервју за „Капитал“.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода неколку улици во Центар

June 9, 2025

Португалија ја победи Шпанија на пенали и ја освои Лигата на нации

June 9, 2025

И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk