ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни 16.231 случај со ковид-19, расте бројот на оздравени пациенти

January 16, 2021 09:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До вчера во земјава беа регистриарни 16.231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9.985 се од Скопје. На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 700 позитивни или суспектни пациенти на коронавирусот, од кои 300 се во Скопје, а има околу 560 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Според вчера објавените податоци на Министерството за здравство во претходните  24 часа, во државава се регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19 од направени 2118 тестирања, од кои 165 во Скопје, починала 10 лица, а оздравеле 339 пациенти.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, а на починати е 2682.

Од понеделник, како што најави Министерството за здравство, во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, кои се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите.

Во трите поликлиники, кои се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на таа здравствена услуга, од следната недела ќе има посебен план. Лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во темини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

– Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид – центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена услуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, изјави директорот на Здравствениот дом Скопје, д-р Виктор Исјановски.

Во очекување на пристугнувањето на првите антиковид вакзини во земјава и стартот на вакцинацијата на населението, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера повика на спроведување кампањи за вакцинација за Ковид-19 во сите држави во светот во следните 100 дена.

– Сакам да видам спроведување вакцинација во секоја држава во следните 100 дена, така што здравствените работници и оние со висок ризик први ќе бидат заштитени, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

Во исто време, СЗО вчера испрати апел до државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

– Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни, препорача СЗО.

Според Организацијата, доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето.

Од друга страна, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера  ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

– Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани, изјави Фон дер Лејен.

Во однос на забелешките дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои немале пристап до вакцината, Фон дер Лајен изјави дека ова може да се реши со комбинација на такви потврди и негативен тест за Ковид-19./МИА/.

Next Post

Зариф: Планетата ќе биде подобро место без Трамп

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk