Три лица биле идентификувани како учесници во палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани. Против нив МВР ќе поднесе кривични пријави.
Софија по инцидентот упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани.
„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева на социјалните мрежи.
Државниот врв го осуди инцидентот.