ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За децата што ќе плукаат крв

January 17, 2021 15:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Пред два дена објавив извод од анализата на Светлана Слапшак за  глобалните процеси кои му се открија на светот во сета своја уривачка енергија во јуришот на трамповидните лудаци на Капитол Хил.

Агресија на инфантилноста и инфериорноста, таков наслов му бев дал.

Да се потсетиме, драги пријатели, на тој текст, заедно со моето предупредување/апел да го читате и одвреме-навреме да си ја чукајте главата, од некој кристален пепелник, од пивско шише или од немалтерисан ѕид, зашто тоа е единствениот начин да ги спречите идиотите да дојдат и да ви ја отсечат. Или ако, сепак, дојдат, да знаете што да правите.

„Постапките на екстремната десница и нејзините симпатизери ширум светот се во основа инфантилни и најмногу ги мотивира длабокото чувство на инфериорност. Се состои во тоа на противникот бесконечно да му се повторува ти си, не сум јас!“- и обратно (Мицковски за Заев, пр. м.з.). Не станува збор за концептуална конфузија туку за грабање на што било од виртуелните полици на интернетската самопослуга, во која, познато е, не се знае кој пие, а кој плаќа, за да се стекне впечаток на авторитет, права на вербално, а потоа и реално насилство и превентивна одмазда.

Во оваа измама, кражба и препознатливо имитирање (затоа што е лошо) кои само на прв поглед изгледаат неспретно, се уништува еманципацијата, како идеја и како пракса и тоа е најлошиот дел на кражбата. Ако во претходните генерации ги сакале накитените униформи (некои и денеска) претставниците на оваа лажливо определување денеска го земаат она што е најдобро, масовно и поврзано со цивилните движења од втората половина на дваесеттиот век. Најголемата опасност е имено во заборавот и во незнаењето, односно во расеаноста на знаењето и губењето на критериумот за наоѓање на знаењето таму кај што денеска е најдостапно, на интернет.”

Тука би додал уште нешто: Тие ги обвинуваат луѓето, организациите и системите  што ги сметаат за непријателски, за работи што ја сочинуваат самата срж на нивното постоење, идеологија и акција: насилството, злото, вонинституционалноста, антиуставноста, национализамот, предавството, расизмот, антисемитизмот, односно се проектираат себе си во противникот.

Мнозинството луѓе денеска мислат-јас некако ќе преживеам, само немојте премногу да ме гњавите. Вели Славој Жижек и додава: Факт е дека повеќето луѓе не го зема премногу сериозно тоа што се случува. Тоа не е добро.

Се разбира дека не е добро.

Четири години лидерот на најголемата опозициска партија говори дека народот ќе ги казни овие што се на власт, дека сите ќе одговараат, Заев пред сè, но притоа тој не мисли дека народот ќе ги казни на избори, туку дека ќе ги казни физички, во некаков линч, во моќта на својот гнев, а и тој кога ќе дошол на власт, дава на знаење, дека ќе ги казни без многу да се тртка со судски и правни процедури, туку по кратка и ефикасна постапка. Брзото казнување на предавниците е основна точка на неговата идејна платформа со која тој најавува дека ќе се разликува од оваа бескрајно влечење на предметите по судовите..

Еден пратеник, кој во мојата политичка поезија се вика малото брадесто говно, порачува дека децата на тие што тој ги смета за непријатели ќе плукале крв. Останува да погодуваме дали децата ќе плукааат крв како реакција на тортурата на која говното ќе ги изложи нивните родители пред очите на децата или родителите ќе ги мачи така што на децата ќе им ги крши забите и ќе им ги сече и пече усните, јазикот, цревцата и другите органи, полека, со постојано одложување на смртта за да може мачењето да предизвикува што поголема болка и кај децата и кај родителите. Како што правеше Џејмс Батлер со еден од манијаците што му ги уби жената и детето во филмот… заборавив како се вика.

Клучно и кај едниот и кај другиот идиот е тоа што за остварување на тортурата што им ја намениле на противниците им фали власт. На моменти се добива впечаток дека тие се борат да дојдат на власт имено за да можат да играат голф со човечки глави и со мацола палки на 18.000 гробни дупки. Власта како инструмент на одмаздата. Но одмазда за што?! За предавството на националните интереси? Не, драги мои, туку тие мочани национални интереси се тоа украдено, смешно, инфантилно, алиби кое мислат дека ќе им даде комоција во вршењето на насилството. И никогаш не седнуваат да се прашаат: добро, ние кога ќе дојдеме на власт ќе ги убиеме овие што се сега на власт, но што ќе прават овие што се сега на власт пред да дојдеме ние на власт. А и овие што се денеска на власт не седнуваат да се прашаат, да речеме, да си речат, слушајте, ако имаме јасни назнаки дека нашите деца ќе плукаат крв што треба ние да направиме прво како родители, а потоа и како власт.

Мнозинството луѓе на ова гледа како што гледа фудбалски натпревар. Навиваат врз основа на припадноста и врз основа на ништо друго. Тоа е најважен аспект на македонската драма.

Нема вредносни или морални или естетски или правни критериуми.

Нема ништо друго освен наши и ваши, при што никој не седнува да се праша по што неговите се негови, пичка му лепа материна, блесава.

Демократија е кога елитите ти даваат предлог или два и кандидати меѓу кои нема голема разлика.

Па луѓето одлучуваат на избори.

Тогаш луѓето се среќни.

Така вика Жижек.

Така викам и јас.

Ние мораме да воспоставуме систем на малите разлики, односно да излеземе од епиката на овој денешен смртоносен конфликт.

Како, не знам.

Еве само неколку идеи:

Власта се вклучува не во освојување на загубениот медиумски простор туку во енергична акција за негова професионална рехабилитација. Македонија е единствена држава во која власта се зафаќа со радикални исчекори, а комплетната медиумска структура е под контрола на опозицијата и тоа на најдеструктивната, најзлобната, најмрачната опозиција која низ политиките на перманентен пуч, всушност, води специјална војна против Македонија. Не можеме за тоа да ја обвинуваме само опозицијата, а власта која го препуштила тој простор да ја сметаме за демократска. Не е. Нејзиниот став е најдиректно против демократијата и правото, на некој начин и против државата. Второ, никаква политичка функција не смее да биде олеснителен фактор во третирањето на криминалните пројави. Говното од мојата поезија секоја секунда ги повторува делата. Мора да се воспостави минимум рационалност како арбитер во политичките конфликти (Пуховски), без тоа не е можна ниту демократијата, ниту заедницата, а многу веројатно, ниту државата од типот на Северна Македонија. Трето, решавање на проблемот со Бугарија не врз основа на расправа со соседите туку врз основа на модерниот став дека имаме светска историја во која националните истории се обични хроники. И не врз основа на усраноста за македонскиот идентитет и јазик, туку врз основа на супериорниот став дека тие работи се недопирливи за какви било анекси.

Општествениот дискурс што го диктира опозицијата, а власта не е во состојба да го скрши, е крајно ригиден, застарен, анахрон. Тој ќе се менува под притисок на времето, сега, веќе и нема некоја паника, сега преовладуваат депресијата и индиферентноста и нешто се случува во психологијата (Жижек), потребно е, меѓутоа, исфрлање на културата и уметноста во прв план, но на еден сосема нов начин и низ едно сосема ново превреднување. Небојша Вилиќ пишува во врска со оваа тема на Фејсбук (“Практички преврат”).

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk