Горан Сугарески денеска и официјално ја презеде должноста директор на Царинска управа.
Сугарески кој претходно три години го водеше Министерството за транспорт и врски, во објава на Фејсбук, истакнува дека во новиот професионален предизвик ќе продолжи чесно, посветено и транспарентно да служи на интересите на граѓаните и државата.
„Денес и официјално стапувам на нова должност. И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните и државата. Ќе сторам сè да ја оправдам укажаната доверба. Упатувам благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската управа. Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина!“, стои во објавата од Сугарески.
Ј. Ѓ.