Како политичка фигура, Доналд Трамп го искористи Твитер за пофалби, за забава, за омаловажување, за да ја утврди својата верзија на настаните, и особено, за да го засили својот потсмев. Неговото претседателствување беше доста скандалозно, и го искористи за да исмее многумина и да ја покаже неговата моќ на најлошите начини. Њу Јорк тајмс објави листа на некои од најлошите навреди од страна на Трамп.
Неговите навреди не застанаа само на неговите обраќања во живо пред толпи обожаватели и поддржувачи, туку и на големо се прикажуваа и на социјалните мрежи каде секогаш ги критикуваше и исмејуваше оние кои не се согласуваа со неговата идеологија и постапки.
Неговата моќ ослабна со блокирањето од одредени социјални мрежи, но ништо не го оправдува неговото однесување во текот на неговиот мандат.
Најмногу преовладуваат навредите кон демократите, тврдејќи дека сите тие се здружени со медиумите во ширењето на лажните вести, најмногу околу изборите на кои што изгуби. Од многуте навреди кои е тешко да се сумираат во краток пасус, тој посочува дека демократите сакаат да им ја украдат и црквата, нарекувајќи ги луди и со секакви погрдни зборови, недолични за еден политичар кој стои на чело на државата.
Без сомнеж најмногу од неговите навреди се упатени на сметка на Џо Бајден, кого сака да го вика „заспаниот Џо”, „лажниот претседател”, и со секакви други погрдни зборови.
Често го критикува и Ф.Б.И со претпоставки дека тие не се на негова страна, не си ја вршат работата и ги нарекува ѓубре
Неговите навреди исто така се упатени и кон некои земји кои не се согласни со неговите политики, како на пример Порторико, за која што тој вели дека е најкорумпираното место во светот. За него Порторико е остров со катастрофален политички систем, Исто така, наместо да излезе со солидарност и зборови од милост за Порторико после ураганот, тој жителите ги омаловажува со зборовите дека тие чекаат само помош и некој нешто да направи за нив…
Исто така често ги навредуваше некои негови поранешни колеги кога ќе престанеа да се потчинуваат на неговите лоши политики. Најинтересно е тоа што тој, исто така ги критикува и неговите приврзаници кои мирно го примија резултатот од изборите нарекувајќи ги „носорози” !
Неговото недолично однесување и лошиот речник никогаш не разликуваа пол, па затоа често знаел и да ги навредува припадничките и од женскиот пол нарекувајќи ги со погрдни имиња. Тој дури и во многу наврати, ги занемарува моралните вредности и ја навредува неговата внука Мери Трамп, која по неговите зборови е нестабилна…
подготвила: Марија Миткоска