ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Нема бегање од актуелниот концепт за државна матура, бојкотираат изолирани групи

January 21, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Различна е сликата со бојкотот на наставата од матурантите. Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите. Во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира. Тоа се мали групи кои искажуваат незадовлство и тоа е нивно легитимно право, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во одговор на новинарско перашање по средбата со наставници од основни училишта посветена на нацрт-концепцијата, Царовска рече дека во интерес на учениците и на квалитетното образование во земјава е да се спроведе државната матура според актуелниот концепт. Треба да се менува, рече, но тоа ќе биде за наредната генерација матуранти кои ќе ја полагаат во 2022 година.

За таа цел, посочи Царовска, на состанок вчера со претставници на Сојузот на средношколци договориле да се формира работна група која од понеделник, заедно со Матурскиот одбор и со Државниот испитен центар кои се задолжени за државната матура, ќе работат да се подготви нов концепт за наредната учебна година.

– Секако дека се потребни измени во концептот за матура, но оваа година е законски утврдено како се полага и зошто се полага матура, и од тоа нема бегање. Концептот е утврден на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот. Секое поместување ќе им направи проблем на учениците за запишување во високото образование надвор или во земјава. Токму затоа утврдивме дека сега одиме со овој концепт. Повеќе од 14 илјади ученици имаат пријавено да полагаат – и проектна задача и да ги полагаат предметите, истакна Царовска.

За да се осовремени завршниот испит, и за оваа година, рече, направиле некои промени – во проектната задача и во проширување на листата на изборни предмети за третиот екстерен испит со Географија и Информатика.

Додаде дека со Сојузот на средношколци се во постојана комуникација и координација и, како што рече, тие се репрезентативни во претставување на средношколците, а  Средношколски глас, рече, се неодамна формирани.

Средношколски сојуз од денеска ги организира матурантите на бојкот на наставата  зашто бара намалување на бројот на предметите од четири (три екстерни и еден интерен) на два предмета, односно мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет од областа што ќе ја студира. Средношколски глас, пак, е воопшто да не се полага матурата и за нејзино укинување собира онлајн-потписи.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Костадинов: Единствено ВМРО-ДПМНЕ застана на спротивната страна, нека судат граѓаните за нивните постапки

НАЈНОВО

Скриншот

Нетанјаху и шефовите на безбедноста на итен состанок за Газа

October 19, 2025
Фото: Скриншот

Доналд Трамп го нарече колумбискиот претседател „шверцер на дрога“ и најави намалување на помошта

October 19, 2025
Оскарите

Холивудски икони без Оскар: Големите имиња што Академијата никогаш не ги награди

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk