Изгласан законот за попис на населението со потребното мнозинство! После речиси 20 години, ќе се изброиме. Никогаш не смееме да дозволиме статистичка операција да ја политизираме. За жал единствено ВМРО-ДПМНЕ застана на спротивната страна, нека судат граѓаните за нивните постапки, објави на Фејсбук пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов после изгасувањето на Законот за попис.
Собранието во рамки на продолжението на 29. седница со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021. За пописот гласаа и 29 пратеници припадници на етничките заедници.
За Законот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и Беса, и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.
Ј. Ѓ.