Министерката за образование и наука Мила Царовска денес по повод стартот на второто полугодие го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е прилагодена на практичната настава на учениците.
Министерката Царовска на состанокот со директорот на училиштето Филип Фидановски истакна дека МОН според препораките на Комисијата за заразни болести ги обезбеди сите услови за непречена реализација на наставата во време на пандемија.
„Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел. На овој начин се обезбедува континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие што е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје. Директорот Фидановски ја информираше министерката дека учениците се подготвуваат за полагање на претстојниот матурски испит и најуредно се имаат пријавено во законски утврдениот рок.“, велат од МОН.
На состанокот се разговараше и за реформите во основното образование кои се предмет на јавна дебата и во фаза на дефинирање.
„Давам целосна поддршка на реформските процеси во основното образование, бидејќи со нив образовниот систем се прилагодува на оние во најразвиените земји од светот и од Европа“, истакна Фидановски.