ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов: Скoпје се сака со работа, а Дрисла е жив доказ за тоа

January 21, 2021 15:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако Дрисла се врати во надлежност на Град Скопје, ова јавно претпријатие прерасна во санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните, известуваат од Град Скопје.

„Скoпје се сака со работа, а Дрисла е жив доказ за тоа! Претходната власт криминално ја приватизираше, а ние, после 9 години ја вративме Дрисла во надлежност на Град Скопје. Денес, чекор по чекор ЈП ДРИСЛА СТАНА СОВРЕМЕНА ДЕПНИЈА и тоа за една година!“, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во релативно краток период и во кризна година поради пандемијата од Ковид-19, ЈП Дрисла успешно се справи со предизвиците и приоритено ја консолидираше финансиската состојба на депонијата. Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари, наведуваат од Град Скоје.

Откако ЈП Дрисла е повторно во надлежност на Градот набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето. Новиот стерилизатор е со капацитет од 2 000 литри и може за еден час да третира 350 килограми отпад што ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер што го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.

За една година, градежните машини со кои располага и кои се во сопственост на претпријатието се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и се повторно вратени во употреба за тековно извршување на активностите во депонијата, а со самото тоа се заштедени големи финансиски средства кои претходно се користеа за изнајмување на машини. Претходно, овие градежни машини неколку години не се употребуваа поради големи дефекти и претпријатието работеше со изнајмени машини.

Старите и дотраени теренски возила се заменети со нови 3 теренски возила, неопходни за непречено движење по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни со лесни моторни возила. По десет години комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија.

За редовно мерење на амбиенталниот воздух, а со цел намалување на трошоците на изнајмување на мерна станица, набавена е нова мерна станица за амбиенталниот воздух со автоматско ажурирање на податоците на една минута, а продолжена е и важноста на А – интегрираната дозвола.

Воведен е нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и на процесите за третман на отпадот на депонијата согласно со европските стандарди. Поставен е нов систем за видеонадзор, со што целата површина на депонијата е комплетно покриена со камери, со што се овозможува целосен мониторинг на функционирањето на претпријатието. Пуштено е и улично осветлување на целата површина на депонијата, со што се овозможува непречено извршување на работните задачи на вработените во трета смена.

После 9 изгубени години, со повторното преземање на депонијата Дрисла од Град Скопје е решен долгогодишен комунален проблем на граѓаните. За една година, ЈП Дрисла стана современа депонија согласно со европските стандарди, а нејзиниот развој и модернизација со несмален интензитет ќе продолжат и во текот на оваа година.“, извесуваат од Град Скопје

– За Скопје ќе правам компромис со секога, но со Скопје нема да правам компромис со никого, напиша во објавата Шилегов.

Ј. Ѓ.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025
Фото: МИА

„Сапорт Кочани“ до Мицкoси: Не убивајте го ентузијазмот на луѓето, ништо нема да ни застане на патот на солидарноста

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk