ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата иницира зголемена транспарентност и отчетност на органите на државна управа и јавните претријатија во државна сопственост

January 21, 2021 13:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата прави конкретни чекори кон што поголема транспарентност и отчетност на органите на управување на централно и локално ниво, за да граѓаните бидат што е можно повеќе информирани како се трошат финансиските средства од буџетот, но и за добивање на што е можно поквалитетни и поефективни услуги за граѓаните, соопшти денеска владината прес-служба.

На последната, 40-та владина седница на 19. месецов, на предлог на Комисијата за економски систем и тековни економски политики, со која претседава вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, е усвоен заклучок со кој им е наложено на агенции, дирекции, фондови, бироа, совети, акционерски друштва или други правни лица во државна сопственост да ја зголемат транспарентноста и отчетноста во нивното работење.

На седницата е заклучено сите финансиски извештаи  (тромесечни, полугодишни и годишни) кои се доставуваат на разгледување во владина постапка, нема да бидат разгледани,  доколку листата од 22 обврзувачки информации и документи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не бидат објавени на веб страните на предлагачите, согласно Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Од владината прес-служба потсетуваат дека претходно, на 26-та седница одржана на 7 декември 2020, на предлог на вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е усвоена информација во таа насока. Со неа се задолжуваат сите министерства, освен министерствата за одбрана и за внатрешни работи, органите во нивен состав, самостојните органи на државната управа, самостојните државни органи кои одговараат пред Владата, јавните претпријатија основани од Владата, акционерските друштва во државна сопственост, како и другите иматели на информации кои одговараат пред Владата во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација на своите веб-страници да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

На истата седница Владата им препорача и на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, како и на имателите на информации основани од нив, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават документите и информациите кои се предвидени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова, појаснуваат од Владата, ќе биде еден од условите за општините, градот Скопје и општините во градот Скопје да користат финансиска поддршка за реализација на проекти, со средства од  централниот буџет и средства од меѓународните донори.

 

 

/МИА/
Next Post

Марин: „Аеродром – Прва општина со европско знаменце“, презентација на новата платформа

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

Жител на Петровец ја претепал сопругата и ѝ скршил три ребра, ОЈО бара притвор

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk