ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Го имаме најтранспарентниот процес на креирање на реформа

January 22, 2021 07:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Сè што ќе направиме за образованието е подобро од тоа што е денеска, заради тоа што нашите резултати на меѓународните тестирања како и на домашните тестирања, покажуваат функционална неписменост на нашите ученици. Сепак, тие не се помалку интелигентни од другите ученици, но им треба квалитетно образование кое ќе ги донесе до врвот.“

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во вчерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

„Концепцијата е во период на дебатирање. Го имаме најтранспарентниот процес до сега. Таа беше поставена на веб страната на МОН, на социјални медиуми и испратена до сите релевантни институции. Јас сум среќна што добивме многу конструктивни коментари, особено од наставници од пракса во изминатиот период, кои значат поддршка на целиот процес. Во меѓувреме се сретнав со ЗЕЛС, со градоначалниците, наставниците и  директорите, следува со високообразовни установи, утре со академици и така натаму, за да можеме „тет а тет“ да ги сумираме сите забелешки и да одговориме и да затвориме многу нејасни прашања“, рече Царовска додавајќи дека според очекувањата документот треба да биде финално усвоен до средината на следниот месец.

„Реформата ќе значи поместување на образовниот систем во една сосема поинаква и современа димензија. Со наставниците полека почнавме да го надминуваме стравот. Интеграцијата не е непозната за нашиот образовен систем и околу тоа можеме сите да се согласиме, затоа што од прво до четврто имаме интеграција на предмети“, појасни Царовска додавајќи дека интеграцијата не значи спојување на предмети, туку обработка на една тема низ различните предмети. Со тоа се постигнува проблемски пристап, што е важен за развивање критичко размислување.

За сите промени ќе следат соодветни тримесечни обуки на наставниците пред да започне имплементацијата на реформата која, како што рече Царовска, ќе започне во прво и во четврто одделение, а потоа и во сите останати до целосното воведување во период од шест години.

За потсетување, јавната дебата за Концепцијата започна пред повеќе од еден месец и ќе продолжи да тече и во следните денови. Во консултативниот процес вклучени се сите засегнати страни, претставници од релевантни институции, универзитетски професори, над 4000 наставници, но и родители и ученици. Свое мислење даде и СОНК, регионалните претставништва на СОНК, а во дебатата свое учество имаат и меѓународните организации и институции како УНИЦЕФ, светска банка, УСАИД, британска и швајцарска амбасада, делегацијата на ЕУ и ЗЕЛС. Сите изразија поддршка затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование.

Дополнително, Концепцијата беше објавена на веб страницата на МОН и на увид на јавноста заклучно со вчерашниот ден. Пристигнатите забелешки кои се издржани и конструктивни ќе бидат земени во предвид со цел усвојување на најдобрата верзија во интерес на учениците и наставниците.

Изработката на документот е предвидена со Стратегијата на МОН за периодот 2018- 2025 година, со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма за работа.

Next Post

Второто полугодие почна со хибридна настава, бојкот на дел од матурантите и дискусии за концепцијата за основно образование

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk