ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Македонските аеродроми лани „изгубиле“ 1,9 милиони патници поради Ковид-19 (Инфографик)

January 22, 2021 10:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стрмоглав пад на бројот на превезени патници од двата македонски аеродрома што не е забележан во последнава деценија. Ковид-19 пандемијата во 2020 година предизвика огромни штети во авиосообраќајот во земјава, кои се мерат во намалување на бројот на патници за околу 1,9 милиони. Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатите 12 месеци од двата аеродрома биле превезени 781.327 патници. Притоа, на Меѓународниот аеродром Скопје имало 709.241 патник, додека лани низ портите на охридскиот аеродром минале 72.086 патници, пишува „Мета.мк“.

Намалувањето на бројот на патници се случува првпат од доаѓањето на турскиот концесионер ТАВ во земјава и преземањето на двата аеродрома, како и по изградбата на новата терминална зграда на Меѓународниот аеродром Скопје. Поаѓајќи од постојниот ред на летање, кој е предмет на чести промени од авиокомпаниите, не се очекуваат значајни промени во поглед на бројот на патници и во првиот квартал на 2021 година.

Некои авиокомпании, како што е „Катар ервејс“, дури и од сега најавија дека со почетокот на вообичаениот летен ред на летање на крајот од март нема да се вратат на скопскиот аеродром. Па така, повторното воспоставување на летовите меѓу Скопје и Доха наместо на 28 март, предвидено е да стартува на 6 јуни годинава..

Кризата во авиосообраќајот ќе потрае, велат прогнозите на „Евроконтрол“ за периодот до 2024 година. На европско ниво, бројот на летови според најоптимистичкото сценарио би можел да ги достигне постигнатите бројки од 2019 година дури во 2024 година. Ваквото сценарио на „Евроконтрол“ се заснова на можноста вакцините против ковид-19 да бидат широко достапни за патниците од целиот континент до претстојново лето.

Сепак, „Евроконтрол“ прогнозира дека доколку вакцинирањето на населението во Европа се одолговлечи до летото 2022 година, тогаш авиосообраќајот на континентот нема да закрепне до 2026 година на нивото на кое беше пред појавата на ковид-19 пандемијата. Уште пострашно, песимистичкото сценарио вели дека доколку вакцините не се ефективни во борбата против корона вирусот, тогаш бројот на летови што беа реализирани во 2019 година ќе бидат достигнати во Европа дури во 2029 година.

„Прогнозата покажува дека еволуцијата на воздухопловниот сектор е силно зависна од тоа колку брзо ефективна вакцина ќе постане нашироко достапна и од нивото на доверба на јавноста“, велат од „Евроконтрол“.

Инаку, „Мета.мк“ изминатава есен веќе пишуваше за проблемите со кои се соочува авиосообраќајот во земјава како резултат на ковид-19 пандемијата. Тогаш разговаравме и со директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, кој посочи дека физичкиот обем на сообраќај на нивото на 2019 година во земјава би можел да се постигне најрано кон крајот на 2023 година, под услов да има координиран пристап, особено на државите во ЕУ, во однос на мерките за заштита од ковид-19, но и подобрување на здравствената заштита од овој вирус на глобално ниво.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда

July 7, 2025
Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk