Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите. Најголема плата зема премиерот Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата изнесува 87.813 денари.
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок. Во таа насока, во продолжение е висината на нето платата исплатена за месец декември 2020 година“, стои во соопштението на сајтот на Владата.
По премиерот министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој зема 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж).
На третото место е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.
Потоа следуваат:
-Радмила Шекеринска – 72.989 денари
-Ирена Стефоска – 72.670 денари
-Никола Димитров и Фатмир Битиќи -71.385 денари
-Артан Груби и Бујар Османи -70.102 денари
-Љупчо Николовски и Венко Филипче- 68.179 денари
-Фатмир Бесими – 69.783 денари.
Пресметано во евра, месечните примања на министрите, без пресметан стаж, се движат помеѓу 1.100 и 1.300 евра.
И.Т.З.