„Сега во мојот мандат е дојдено времето да го направиме чекорот кон новата концепција“, изјави министерката за образование Мила Царовска која вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21. Таа рече дека и претходните два министри за образование Дескоска и Адеми работеле до тоа да се стигне до нов концепт на учење.
„И министерот Адеми и министерката Дескоска работеа да стигнеме до нов концепт на учење, тоа е ова што го учиме. По концептот носите наставни програми, а по тие наставни програми се создаваат нови наставни материјали“, рече Царовска.