Министерката за образование Мила Царовска е вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Зборуваме за новиот национален концепт во образованието најавен од министерството за образование.
Таа вели дека сите добри работи од различни наставни програми, се земаат и се имплементираат на нашиот образовен систем.
„Имаме добри работи и од Кембриџ, и од Хрватска, Финска и Словенија. Се што е добро го земаме, и го адаптираме и во нашиот образовен систем и велиме дека можеме да го спроведеме тој концепт“, вели Царовска.
Царовска смета дека во образованието промените мора да одат етапно, а не одеднаш.
„За сериозен зафат во образование мора да одиме етапно. Затоа велиме прво одделение влегуваме со нов концепт, и четврто одделени“, додаде министерката.