ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било вакцина во земјава

January 26, 2021 20:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Имаме начин да увеземе од  која било вацкина против Ковид 19 и не постои никаква законска пречка за тоа, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Вакцините се нов продукт, истите ниту една земја ги нема регистрирано, но сите производители имаат документи со кои го гарантираат квалитетот на лекот, рече Филипче, посочувајќи дека првите вакцини во земјава ќе влезат со интервентен увоз и тоа не е никаква новина туку е пракса години наназад.

– Регистрацијата е процес кој зависи од земјата која тој препарат го увезува. Тој процес не е задолжителен и не е гаранција за квалитетот на производот, тоа е разгледување на документите кога се внесува еден препарат,лек,вакцина во земјата. Во таа смисла имаме начин да се увезат вакцините од било кој производител, тоа е со интервентен увоз и тоа така историски наназад се правело, не само со вакцини туку и со многу други лекови. Сите прозиводители кои нудат вакцини на пазарот, имаат документи кои го гарантираат квалитетот на вакцината. Во ниту една земја вакцините не се регистрирани затоа што се нови продукти и тоа е неверојатно да се случи во краток временски период. Тоа секако ќе се случи, но првите вакцини ќе влезат со интервентен увоз, истите се проверени од своите национални институции и таму каде се произведени. Веќе во српската агенција зе лекови се објавени документи, дека таков како што е капацитетот на нивната лабараторија, е тестирана кинеската вакцина не станува збор за целосно тестирање, туку на одредени параметри и тие кои може таму да се тестираат се солидни. Таа вакцина е сосема безбедна да се користи  – рече министерот.
Филипче посочи дека Министерството за здравство останува посветено на сите три механизми за набавка на вакцините, но соочени со состојбата дека потребата за вакцини е голема секаде во светот, се евалуирал и планот за набавка на кинеска вакцина.  Министерот најави дека целта е вакцинацијата во земјава да се одвива со еден континуитет и да нема прекин како што е случај со некои други земји, бидејќи станува збор за голем притисок за набавка и производство на вакцини против Ковид 19 насекаде во светот.
– Кинеските вакцини ги евалуиравме и во претходниот период, сакаме да обезбедиме вакциналниот процес да започне и да нема паузи. Сите вакцини кои се на располагање се сосем безбедни тие се евалуирани од своите национални агенции, дел од нив и од европските, американските регулатори. Целта е да имаме вакцини од повеќе производители за да не се соочиме со недостаток односно откако ќе почнеме, процесот на вакцинација запре – истакна Филипче.
Првите вакцини кои треба да стигнат во земјава во месец февруари според најавите на Фајзер ќе бидат вакцините од Србија, а потоа ќе стигне пратката директно од прозиводителот Фајзер. Веќе во петок на состанокот кој Филипче ќе го има со претсавниците од Ковакс механизмот ќе се знае колку вакцини преку овој систем ќе бидат исопрачани во земјава рече министерот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп го скрати рокот од 50 на „10 или 12 дена“ за Путин да се согласи на договор за Украина

July 28, 2025

Сем Алтман: Разговорите со ChatGPT за лични проблеми не се правно заштитени

July 28, 2025

Си-Ен-Ен: Нетанјаху е заглавен во криза што самиот ја создаде во Газа

July 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk